„Алфите“ во мај привеле 346 лица

Од:

Припадниците на Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на мај годинава при вршење редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на 801 лица, прегледи на 66 патнички моторни возила, а по разни основи привеле 346 лица.

Како што соопшти денеска МВР, по основ на телеграма приведени се 51 лице, по основ на потраги, гласник, наредба од Основен суд 29 лица, под сомнение за извршено кривично дело 70 лица, а за извршено кривично дело 24 лица. На лице место во вршење кривично дело се фатени и приведени 10 лица, за издржување казна затвор – петмина, за утврдување идентитет – едно лице, 10 лица странски државјани со нерегулиран престој и шест лица за држење недозволени предмети.

За нарушување на јавниот ред и мир приведени се 53 лица, за поседување оружје 3 лица, а за поседување опојни дроги 57 лица.

Алфите асистирале при вршење претрес и на 28 домови.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски