Казнети 198 возачи во Скопје, 43 за брзо возење

Од:

Во Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени 198 мерки, како дел од засилените акциски контроли на МВР во областа на сообраќајот.

Од нив, 11 за возење без возачка дозвола, 43 санкции за непочитување на брзината на движење, три за управување под дејство на алкохол, четири за поминување на затворен семафор (црвено светло), пет мерки за користење на мобилен телефон, шест за некористење на сигурносен појас, 72 за непрописно паркирање и пет санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ