Џез-изведувачот Чик Кореа, кој инаку, е 23-кратен добитник на Греми наградата, почина од редок вид рак откриен неодамна, како што е објавено на неговата официјална Фејсбук страница.
Тој имаше 79 години. Кореа, кој скопската публика имаше можност да го гледа двапати, во рамките на Скопскиот џез фестивал, беше активен во неколку музички жанрови: џез, џез-фузија, авангарден џез, латино џез и прогресивен рок.
Чик Кореа починал во вторникот, на 9 февруари, а тажната вест е објавена синоќа.