Кристоф Најдовски кандидат на Зелените за градоначалник во Париз

Од:

Кристоф Најдовски, француски политичар со македонско потекло е избран од членството на Европа Екологија Зеление за нивни кандидат за градоначалник на Париз на изборите закажани за пролетта 2014 година, јавува дописникот на МИА.

Кристоф Најдовски е со македонско потекло и тој во Париз ќе ги одмеува силите со Натлаи Косциуско-Моризе од редовите на десната УМП и Ан Хидалго од редовите на социјалситите.
Зелените се дел од сегашнот мнозинство во Париз, каде актиелно Кристоф Најдовски е помошник градоначалник за детство.

Кристоф Најдовски (43 години) од симпатизерите на Зелените беше избран во вториот круг, кога доби 51,86 проценти од гласовите, пред Жак Буто кој е градоначалник во Вториот париски арондисман со 46,11 проценти од гласовите, откако во првиот круг беа елиминирани шест други кандидати.

Кристоф Најдовски е релативно непознат за пошироката француска јавност, а може да се рече и во Париз, но тој за својата кандидатура ја доби поддршката од министрите Сесил Дуфло и Пскал Канфан и од претседателот на групата на зелените во францускиот горен дом (Сенатот) Жан-Вансан Пласе и заменик претседателот на француското Национално Собрание Дени Бопан.

Зелените исто како и во 2008 година, одлучија при првиот круг на општинските избори да не склучуваат сојуз со Социјалистите.

На својот блог, Кристоф Најдовски вели дека е роден во 1969 година во Париз од родители кои дошле во Франција од Југославија.

Би можело да ве интересира

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили