Швајцарката Лара Гут Бехрами беше најбрз на првата трка на Светското првенство во алспко скијање во италијанскиот зимски центар Кортина д’Ампецо.
Таа до златото во супервелеслалом денес стигна со време од 1:25.51 минута, што беше за 34 стотинки подобро од сонародничката Корине Сутер.
На победничкиот подиум место имаше и за третопласираната Микаела Шифрин од САД која доцнеше 47 стоти делови од секундата зад времето на победничката.
Светското првенство во алпско скијање требаше да поне во понеделникот, лошите временски услови беа причина за негово одложување.
За денес е закажан и машкиот супервелеслало. Почетокот на оваа трка е во 13 часот.