Судан го блокираше транспортот на нафта

Од:

Суданскиот претседател Омар Хасан ал Башир нареди да престане транспортот на нафта од Јужен Судан преку територијата на Судан, пренесува државната агенција „СУНА“.

Башир исто така ја повика суданската младина да се приклучи на светата војна и нареди да се отворат касарни за регрутирање, пренесе „Ројтерс“.

Суданскиот претседател тврди дека Јужен Судан ги поддржува бунтовниците кои дејствуваат на територијата на неговата држава.

Транспортот на нафта е обновен во април откако двете држави постигнаа договор, а Башир минатиот месец најави дека ќе ја сопре работата на нафтоводот, доколку Јужен Судан продолжи да им дава поддршка на бунтовниците на суданска територија.

Војската на Судан во најмалку три региони се бори против бунтовници.

Иако Јужен Судан прогласи независност од Судан 2011 година, тензиите околу нафтата и споровите за територијата продолжија. Јужен Судан од нафтата има приход од 98 проценти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата