Актерка праќала рицин на Обама

Од:

Tриесет и петгодишната актерка, Шенон Ричардсон е притворена поради обвинение дека испратила писмо со отровен рицин до претседателот на САД Барак Обама, иако претходно го обвини својот сопруг Натанијел Ричардсон со кого е во брак две години.

Ричардсон е обвинета и за писма со заканувачка содржина адресирани до претседателот и градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг.

Властите по нејзината изјава започнаа истрага и дојдоа до заклучок дека всушност таа ги испратила писмата.

Детали за обвинението против Ричардсон му се предадени на судот, поради што постои можност да добие казна затвор од 10 години.

Против нејзиниот сопруг не е поднесено обвинение, а адвокатот изјави дека неговиот клиент е задоволен поради апсењето и дека соработува со властите за да докаже дека не е вмешан во случајот.

Исто така тој поднесе барање за бракоразводна парница. Ричардсон има пет деца од поранешните врски додека со Натанијел очекува дете во октомври.

Елена Георгиевскa

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија