Осумнаесет годишната Ангела Попоска од Охрид боледува од тумор на коските (Chondro sa fem.sin.post op.fem.sin.trombo embolismus ).
Од таа причина Ангела треба итно да патува во Виена, Австрија, да се изврши операцијата која ќе и го спаси животот. Здравствениот фонд на Република Македонија ги покрива трошоците за операцијата но не и трошоците за патување кои изнесуваат 2500 евра.
Ангела на оваа операција треба да патува во среда 12-ти Јуни и за таа цел ги молиме сите хумани луѓе да дадат свој скромен придонес на средства кои ќе помогнат ова младо девојче да стигне на операцијата која за неа живот значи.
Сите заинтересирани хумани лица кои можат да и помогнат на Ангела Попоска, можат средствата да ги уплатат на следната сметка:
NLB Тутунска Банка
Златко Попоски
210501646252621