Ангелов: Оптимист сум дека преговорите меѓу Бугарија и С.Македонија наскоро ќе се одблокираат

Од:

Бугарскиот амабасадор во земјава, Ангел Ангелов е оптимист дека наскоро ќе бидат одблокирани преговорите меѓу Скопје и Софија и смета дека двете држави треба да продолжат да работат во тој правец.

– Јас сум оптимист и треба да продолжиме да работиме во насока за која што говори и специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Бучковски, со мали чекори да ја вратиме довербата, а кога ќе ја вратиме довербата, ќе ја најдеме и формулата по која ќе одиме напред. Со малите чекори, еве ќе повторам уште еднаш. Со господинот Бучковски работиме многу блиску. Знаете дека тој неколку пати беше во Бугарија, оствари средба со министерката Захариева и се обидуваме со мали чекори да одиме напред за да си ја вратиме довербата. Кога ќе ја вратиме довербата, ќе има напредок, изјави Ангелов.

Амбасадорот посочи дека сигналите кои ги дава бугарската Влада е да се намалат емоциите од двете страни и, какошто рече, двете земји да влезат во еден прагматичен дијалог, кој ќе го анулира и говорот на омраза.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски