Во италијанското пристаниште на Тиренското Море, Џоја Тауро, во провинцијата Калабрија, полицијата за помалку од седум дена заплени 1.300 килограми чист кокаин, пишува весникот „Ил Фато котодијано“.
Дрогата била скриена во контејнери со кафе, смрзнато месо и егзотично овошје од Јужна Америка.
Како што соопшти полицијата, два контејнера биле испорачани од Бразил, а третиот од Еквадор.
Кокаинот бил откриен меѓу испорачаната стока со помош на употреба на современи скенери.
Вредноста на запленетата дрога на пазарот, што, меѓу другото, ја дистрибуира криминалната организација Ндрнгета, е околу 260 милиони евра, соопшти полицијата.