Панчо Минов се приклучи на „Гром“

Од:

Поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов и неговата граѓанска опција за Кавадарци се приклучуваат кон опцијата „Гром“ на Стевчо Јакимовски.

Ова беше соопштено синоќа кога лидерот на Граѓанската опција за Македонија со своите најблиски соработници дојдоа во Кавадарци да се сретнат со нивните поддржувачи.

Минов посочи дека ја избрал опцијата на Јакимовски оти не била ниту лева, ниту десна туку граѓанска и се залага за граѓанските вредности.

– Кавадарци одамна е на маргините на централната власт иако располага со стопански ресурски вреден народ во лозаропроизводството и винскиот бизнис. Ќе се залагаме тоа да се промени, но најпрво мораме да станеме парламентарна партија, рече Минов.

На средбата во салата на Домот на културата претседателот на иницијативниот одбор на партијата Јакимовски го најави првиот конгрес за во септември кога ќе биде и објавена партиската програма.

Би можело да ве интересира

Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Горан Наумовски

Гром усмрти американски турист на Етна во Сицилија

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он