Српскиот претседател Александар Вучиќ утре на граничниот премин Табановце ќе ја достави првата пратка вакцини за Македонија.
Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче ќе ја пречека спрската делегацијата предводена од претседателот Александар Вучиќ.
Во владиниот допис не стои за кои вакцини станува збор, но најверојатно станува збор за вакцината на „Фајзер“.
Србија во јануари најави дека ќе отстапи 8 илјади дози од вакцината „Фајзер“, но неизвесно е колкав број утре ќе стигнат во земјава.
Набавка од Фајзер вакцини Македонија имаше и преку Ковакс – механизмот (833.000), но и преку директни преговори со компанијата (800.000). Наместо тоа, преку Ковакс-механизмот земјава доби најава за вакцините на „Астразенека“, поради недостиг од вакцините на „Фајзер“.