Почна судењето на капитенот на Челзи, Џон Тери кој се терети дека го навредувал Антон Фердинанд на расна основа, а сослушувањето ќе трае пет дена.
Адвокатите на Тери изјавија дека нивниот клиент не се чувствува виновен за она за што е обвинет. Меѓутоа, доколку се докаже дека фудбалерот на Челзи е навистина виновен, тогаш го чека сериозна казна од ФА.
За сличен случај, Луис Суарез од Ливерпул беше казнет со осум меча неиграње и мораше да плати 40 илјади фунти.
Пред почетокот на судењето се огласи и Рио Фердинанд, постариот брат на Антон. Играчот на Манчестер Јунајтед на својот Твитер профил изрази поддршка на својот помал брат.