Владата издвои пари за подмирување режиски трошоци на 19 студентски и ученички домови

Од:

Владата на денешната седница донесе 19 одделни одлуки за доделување финансиски средства на 19 студентски и ученички домови во државата со подмирување на режиски трошоци (за вода, електрична енергија, греење), набавки за храна за ученичките и студентските домови заради настанати непредвидливи ситуации од последиците од пандемијата со КОВИД-19, соопшти владината прес-служба.

На владината седница е разгледана и усвоена Информацијата за вкупните неисплатени обврски на Министерството за култура за проектите избрани на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2020 година. Министерствотио за култура е задолжено да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства.

-Во врска со ова Владата го задолжи Министерството за финансии преку Секторот за финансиска инспекција да изврши контрола во Министерството за култура кое доби обврска по извршените финансиски контроли да ја информира Владата на Република Северна Македонија за констатираните состојби и за мерките преземени по наодите од тие контроли, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Јаневска тврди дека нема намалување на стипендиите за студентите, вели опозицијата шири паника

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски