Пливањето е вистински избор и за оние кои сакаат да изгубат килограми, бидејќи со пливање се трошат најмногу калории. Така, за само еден час пливање се трошат околу 750 калории.
Понатаму, според некои студии, жените кои често пливаат помалку се изложени на ризикот да заболат од рак на дојка.
Добитна комбинација, ако веќе се решите да пливате е пливањето во морска вода, бидејќи морската вода има лековито дејство врз нашиот организам.
Морската вода дополнително ја подобрува циркулацијата, ја тонизира кожата, а јодот кој се наоѓа во водата е неопходен за правилна работа на штитната жлезда.
Пливањето во морска вода благотворно делува на астма и алергија, бидејќи ваквата вода има својства на антисептик и антихистаимин. Морската вода ја ублажува болката, го смалува воспалението, не’ опушта и помага телото да се ослободи од вишок течности.
Пливањето во море им годи на лицата кои патат од реума, артритис, болки во грбот и мускулите.
Заради својот состав (минерали, флуор, магнезиум, калциум и јод) морската вода делува одлично и на кожата така што ја чисти, а делува смирувачки и на болестите на кожата како дерматитис, псоријаза и егземи.