СДСМ: Инвестираме во унапредување на условите за работа на припадниците на МВР

Од:

„Градењето сигурно општество за граѓаните и бескомпромисна борба против криминалот е приоритет на СДСМ, а резултатите на институциите, пред се на Министерството за внатрешни работи на дело ја покажуваат посветеноста за безбедност на граѓаните, за ред, правда и дисциплина.

Како резултат на интензивни и неселективни контроли на МВР бројот на сообраќајни несреќи со жртви во државата од 2017 година е во постојано опаѓање, за во 2020 година бројот на жртви во сообраќајот да падне на 125, што е најниска бројка во историјата“, велат СДСМ.

„Се преземаат и редовни, ефикасни акции за спречување на криминални и незаконски активности.

Последен пример за тоа е и акцијата за лоцирање и приведување на лицата креатори на групата „Јавна соба“, како и големата акција во Прилеп каде беше разбиена криминална група која се занимавала со продажба на дрога.

И претходната акција кога беше разоткриена група која незаконски издавала возачки дозволи, а каде беа уапсени и вработени во МВР, ја потврдува намерата да се расчисти и со незаконското работење на одредени полициски службеници и вработени во МВР.

Тоа влијае врз зголемување на довербата во полицијата, која денес е заштитник и сојузник на граѓаните.

Истовремено континуирано се инвестира и во унапредување на условите за работа на полицајците, се зголемуваат платите, а исплатена е и бонус плата за прекувремени часови сработени во 2020 година.

За три и пол години реновирани се над 46 полициски станици во државата, а за последните 4 месеци реконструирани се 5 објекти.

Во континуитет се набавуваат нови униформи и опрема за полицијата.

Сето ова позитивно влијае врз мотивираноста на полицајците.

СДСМ како одговорна партија е посветена на ефикасна, бескомпромисна и неселективна борба против криминалот и корупцијата на секое ниво, ред, правда и дисциплина, систем во кој сите се еднакви пред законот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница