Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Од:

Изборната комисија на американската сојузна држава Џорџија и официјално отвори истрага за телефонскиот разговор во кој поранешниот претседател Доналд Трамп вршел притисок врз службено лице да го смени изборниот резултат во оваа држава, во која победи неговиот противкандидат Џо Бајден.

Истрагата е отворена откако вчера официјално тужба поднесе еден професор по право, обвинувајќи го Трамп за кршење на законот.

Ова е прва официјална истрага за телефонските разговори во кои Трамп барал помош од високите претставници на Џорџија, во обид да го свртат резултатот од изборите во негова корист, пренесе Еј-Би-Си Њуз.

Валтер Џонс, портпаролот на државниот потсекретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, потврди дека е отворена истрага.

-Добивме тужба и се однесуваме како што би се однесувале во секој сличен случај. Државниот обвинител е одговорен за натамошните правни постапки, рече Џонс.

Рафенспергер, највисокиот републикански изборен претставник во Џорџија, на почетокот на јануари изјави дека е „под притисок на Белата куќа“ и, спротивно на неговата обврска, прифати телефонски повик од Доналд Трамп во кој претседателот од него побарал „да го поништи неговиот изборен пораз“ во оваа американска сојузна држава.

Трамп го замолил Рафенспергер да им дозволи на изборните службеници „да најдат“ доволно гласови за да ја поништат победата на Бајден во оваа држава.

Тоа е еден од најмалку трите телефонски повици, одржани во почетокот на декември до почетокот на јануари, во кој Трамп побарал помош од високи претставници на Џорџија да се обидат да го свртат резултатот од изборите, но секој пат бил одбиван.

Трамп во Џорџија загуби од Бајден со 11.779 гласа разлика.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро