Русија денеска соопшти дека го протерала секретарот на Албанската амбасада во Москва како одговор на протерувањето на рускиот дипломат од Албанија минатиот месец.
Албанскиот амбасадор во Русија бил поканет во Министерството за надворешни работи, каде му била врачена нота за протерување на првиот секретар на амбасадата.
Министерството за надворешни работи објави дека албанскиот дипломат мора да ја напушти Русија во рок од 72 часа.
На руски дипломат му беше наредено да ја напушти Албанија во јануари поради кршење на правилата за борба против пандемијата на коронавирусот.
Русија оцени дека станува збор за „измислен изговор“.