Жерновски до Јанкуловска: Сега сте, но еден ден нема да бидете министерка за внатрешни работи

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, преку својот ФБ профил и се обрати на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска:

„Сега сте, но еден ден нема да бидете министерка за внатрешни работи. Не Ви посакувам, по тој ден, да дознаете какво е чувството да Ве нападне организирана толпа, а полицијата намерно да не реагира и со насмевка да ужива во глетката. Сепак, верувајте ми на зборот- и во ваква наша Македонија, на крај, сепак ќе победи демократијата“, напиша Жерновски.

Вчера општина Центар, се обрати до началникот на полицијата, го извести за настаните и можните инциденти и побара полициско обезбедување.

Полицијата дојде во недоволен број и немо набљудуваше што се случува, не преземајќи ништо да се оневозможи вандализмот на демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила