Шиповиќ: Нашата советничка група е силна како челик!

Од:

На Сител вчера беше објавена информација дека двајца советници од советничката група на СДСМ во општина Центар сериозно размислуваат да го напуштат владејачкото мнозинство, бидејќи биле незадоволни од политиките на Жерновски.

Претседателот на Советот , Мирослав Шиповиќ, ја демантира информацијата и вели дека е ова уште една дезинформација од кујната на власта.

„Ова е лажна изјава која се повторува неколку пати, нема никаква вистина во тоа, нашата советничка група е силна како челик“, вели Шиповиќ.

Сител ја објави информацијата, но не кажа од кого се овие нивни информации.

Советничката група на СДСМ и здружената опозиција има мнозинство од 12 советници, наспроти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ која брои 11 советници.

Советничката група на СДСМ и коалицијата делува компактно и единстевно, што можеше да се види и на вчерашниот обид да се одржи седница. Еногласни се и во осудата на вандализмот на таканаречените заштитници на верата и црквата и дека насобраните демонстранти се организирани и изманипулирани, бидејќи на дневен ред на седница на Советот нема точка за запирање на изградба на црквата „Свети Константин и Елена“.

Велат дека намерно се дезинформира јавноста за да се создадат немири и да се прикријат вистинските намери и потези на власта.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории