Дачиќ: Нема несогласувања, но има проблеми

Од:

Во владеачката коалиција нема политички несогласувања во врска со економијата, но постојат проблеми во приодите за решавања на тоа прашања, смета српскиот премиер Ивица Дачиќ.

-Тоа не се проблеми внатре во коалицијата, туку тие се однесуваат на цела Европа-истакна тој.

Дачиќ смета дека на Србија и е потребна потрошувачка, но и штедења, бидејќи тоа значи и развој и инвестициска потрошувачка, која ќе го зголеми растот на БДП-то.

Српскиот премиер нагласи дека владата ќе ја сочува економската и финансиската стабилност на државата низ намалување на непотребните трошоци и најави продолжение на разговорите во владината коалиција за економските мерки наредната недела.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје