На инфективните оддели се лекуваат 594 пациенти, слободни кревети има

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ државата е пријавено дека се лекуваат вкупно 331 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот.

Врз основа на извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти, во болницата во Штип 37 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово 20 пациенти, во Велес 35 болни, а во Куманово 43 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 19, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од Министерството за здравство информираат дека во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски