Во планираната и веќе одобрена владина акција, за која се верува дека ќе предизвика голема економска реформа во земјата, властите во Куба ќе овозможат отворање на голем број приватни компании.
Министерката за труд, Марта Елена Феито, изјави дека списокот на одобрени компании се зголемил од 127 на повеќе од 2.000, јави Би-Би-Си. Според неа, само мал дел од компанијата ќе остане во државна сопственост
Кубанската економија е сериозно погодена од пандемијата на Ковид-19 и санкциите од САД.
Минатата година БДП на земјата опадна за 11 проценти, што е најлош пад во последните три децении, а населението почна да чувствува недостиг на основните прехранбени производи, јави Би-Би-Си.
Министерката Феито додаде дека 124 компании ќе бидат исклучени од приватниот сектор, иако не кажа за кои точно се однесува одлуката.
Покрај стотиците илјади мали фарми, кубанскиот приватен сектор досега го сочинуваа малите занаетчиски фирми, таксистите и трговците, а околу 600 000 луѓе или 13 проценти од работната сила во земјата, се приклучија на приватниот сектор кога за тоа им се укажа можноста.