Притвор за двајца извршители на разбојништво од Битола

Од:

СВР Битола поднесе кривични пријави против битолчаните К.Б.(18) и Г.З. (37) поради извршени разбојништва, а истражен судија им одреди 30-дневен притвор.

К.Б. на 29 мај ја нападнал и турнал на земја 54-годишната К.Ш од Битола, државјанин на Македонија и на САД. И ја одзел чантата во која имало 550 евра, 100 американски долари, околу 5.000 денари, кредитни, здравствени картички, телефони, оштетувајќи ја за околу 93.000 денари, при што и нанел и телесни повреди. Инцидентот се случил околу 3.30 часот на ул.„Стерјо Ѓоргиевски-Џоџа“ во Битола.

Г.З., пак, на 27 март маскиран со фантомка и очила за сонце влегол во казиното „Сити клуб“ – Лотарија на Македонија, на ул. „Климент Охридски“ во Битола и, заканувајќи се со пиштол и нож, од вработен во казиното одзел дрвена касета во која имало 176.119 денари. Потоа вперил пиштол и нож кон С.П. (57) од Битола и му одзел 1.300 денари. Разбојништвото го извршил околу 4.40 часот, по што го напушрил казиното.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР