ЦИА: Само 26 отсто од населението на Северна Кореја имало струја во 2019 година

Од:

Само 26 отсто од населението во Северна Кореја имало електрична енергија во 2019 година, покажува проценката на американската разузнавачка агенција (ЦИА) што денеска е објавена.

Според податоците на Агенцијата, ажурирани во делот „Светски факти“, се проценува дека пристапот до електрична енергија во урбаните делови на Северна Кореја е 36 проценти, а во руралните области само 11 проценти, соопшти јужнокорејската агенција Јонхап.

„Земјата е во проблеми од честите исклучувања на струјата поради меѓународните санкции заради нејзините нуклеарни и балистички програми“, оценува ЦИА.

Американската разузнавачка агенција забележала дека Северна Кореја со децении има стагнација во пристапот до електрична енергија, поточно уште од пред 1990 година, а станува збор за земја со околу 25,8 милиони жители.

На крајот на 2016 година, годишното производство на електрична енергија изнесувало 16,57 милијарди киловат-часови, а потрошувачката достигнала 13,89 милијарди.

Северна Кореја добива 45 проценти од својата електрична енергија од термоелектраните и 55 проценти од хидроцентралите, наведува ЦИА.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт