Николовски: За три недели 36 илјади наши членови направиле ажурирање на податоците

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска е во посета на Штип, Карбинци и Берово. Тој на прес-конференцијата во Штип истакна дека СДСМ секојдневно расте, модернизира, менува и дигитализира, за да, како што рече, уште повеќе подобро им служи на граѓаните и на државата. Посочи дека процесот на ажурирање на членството се одвива со одлично темпо, а членовите се силно мотивирани.

– До овој момент околу 36 илјади наши членови направиле ажурирање на своите податоци, го потврдиле членството во СДСМ, во овие три недели. Процесот продолжува да трае до 25 февруари. Истовремено голема е заинтересираноста на нови членови, на многу млади, кои секојдневно се приклучуваат на СДСМ, кон најсилната, наjразноликата, најмодерната и најдинамична политичка структура во државата, вели Николовски.

Посочи дека најважно за нив како политичка партија се вредностите, визиите и политиките коишто значат прогрес, напредок, правда, социјална држава, ефикасно здравство, институции, како и повеќе пари кај граѓаните и инвестиции.

– Поголеми плати и пензии, какошто го реализираме, повеќе мерки и пари за фирмите. Поголеми шанси за сите млади и подобар систем, правда и поредок. Граѓаните препознаваат дека само со СДСМ може да продолжи напредокот, вели Николовски.

Забележа дека токму затоа граѓаните во сите општини се приклучуваат кон новиот СДСМ, а партијата е креатор и гарант на едно општество за сите граѓани, затоа, како што рече Николовски, во нивната партија пристапуваат граѓани од сите етнички заедници. Генералниот секретар на СДСМ информираше дека во секоја општина направиле и Општинска организација на СДСМ. Порача дека продолжуваат да работат уште поодговорно и попосветено за интересите на секој граѓанин во нашата земја.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница