Жерновски: МВР, со своето неучество беше директен учесник во немилите настани.

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски преку соопштение ја повикува министерката Гордана Јанкуловска, согласно Уставот и законите, да ги открие лицата кои со своето вандалско однесување ја демолираа салата на Советот на општината и ја уништија зелената надворешна површина.

Барам, вели Жерновски, министерката, почитувајќи ги Уставот и законите, да превземе и соодветни мерки на осуда и казна за овие лица.

Сторителите, посочува, на овие дела лесно ќе се пронајдат, бидејќи на сите снимки и фотографиите се гледа кој кршеше стакла и врата и кој маваше со камења по советниците, градоначалникот и медиумите.

Исто така бара да се лоцира вината на оние кои попречија одржување на седница на Советот на општината.

601702_163284340509996_231610499_n

„Барам од министерката да објасни кој им нареди на припадниците на МВР да бидат неми набљудувачи на организираното дивеење, демолирањето на сопственост на сите жители на општина Центар и доведување во опасност на сигурноста на легално избраните советници, градоначалникот и медиумите. МВР, со своето неучество беше директен учесник во немилите настани. Сакам да нагласам, дека секогаш сум подржувал и ќе подржувам протести или друг начин на изразување на вољата на граѓаните, но тие треба да бидат ненасилни и со јасна порака и барање.Барам од миснистерката Гордана Јанкуловска, сериозно да го разгледа вчерашниот инцидент, во кој се уверија ипретставниците на меѓународната заедница, и согласно Уставот и законите да ги преземе неопходните мерки за казнување на сторителите, но и оние кои со своето сторување или несторување го дозволија ова дивеење“, вели Жерновски.

936389_163284443843319_1387319648_n

Инаку во општината денеска се отстрануваа последиците од дивеењето на групата, која се нарекува, заштитник на црквата.

995198_163284427176654_529355057_n

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории