Тројца повредени при принудно слетување на авион во близина на Рим

Од:

Три лица се повредени при принудно слетување на авион на авиокомпанијата „Виз ер“ на меѓународниот аеродром во близина на Рим, поради проблем со тркалата.

Во авионот кој летал од Букурешт за Рим, се наоѓале 165 патници.

При подготовката за слетување на леталото, предвидено на помалиот аеродром Чемпино, едното тркало не се спуштило и пилотот побарал слетување на меѓународниот аеродром во Фиумичино, каде што пистата е подолга.

Авионот се приземјил само со едно спуштено тркало и со еден исправен мотор. Откако леталото запрело на пистата, се навалило на едната страна. На местото пристигнале полиција, противпожарни служби и карабињери.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски