(ВИДЕО) Филипче: Од 2.000 до 2.500 граѓани се очекува да се вакцинираат на дневна основа

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека наскоро во земјава ќе стигнат 200 илјади вакцини од Кина, со што ќе се обезбеди вакцинација на 100 илјади граѓани. Филипче рече дека веќе е изготвен план, за транспортот, чувањето и отпочнувањето на вакцинацијата, нагласувајќи дека здравствениот систем има капацитети да ја отпочне првата фаза. Според него откако ќе отпочне вакцинацијата на дневна основа ќе се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани.

Закажувањето за вакцинирање ќе се спроведува преку системот „Мој термин“, а имунизацијата ќе се врши на вакцинални пунктови. Здравствените работници ќе се вакцинираат на пункт во поликлиниката во Букурешт.

„Според приоритетниот план за вакцина први ќе бидат здравствените работници, кои работат со Ковид – пациенти во клиники и домови за стари лица, во установи со лица со посебни потреби, како и матични лекари. Втората група ги опфаќа лицата кои се на возраст од 70 години, а во третата останати здравствени работници, стоматолози, фармацевти, лица изложени на ризик, новинари. Секој граѓанин што ќе прими вакцина, ќе добие здравствен картон, а веднаш по првата доза, ќе следи и втората после 20 дена“, рече Филипче.

Министерот рече дека вакцината е безбедна и сертифицирана, лесно се аплицира и се чува на температура од 2 до 8 степени. Кога ќе отпочне вакцинацијата пунктовите ќе работат во две смени, при што на 10 минути ќе се вакцинира по еден граѓанин.

Тој додаде дека се очекува наскоро да пристигнат и вакцините од Фајзер, со што ќе бидат опфатени и останатите граѓани и ќе нема застој во процеот кога ќе отпочне.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски