Скоро половина од Французите не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ

Од:

Нова анкета покажува дека речиси половина (49 отсто) од граѓаните на Франција сметаат дека Македонија не треба да биде примена во полноправно членство во Европската Унија, додека речиси двојно помалку испитаници, или секој четврти Французин, го поддржува зачленувањето на земјава во ЕУ.

Дури 59 отсто од Французите не гледаат со наклонетост кон пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, а испитувањето открива растечка недоверба не кон некоја поединечна земја, туку кон регионот како целина.

Преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија се уште не се почнати, со Црна Гора и Србија се во тек, додека Босна и Херцеговина и Косово се сметаат за потенцијални кандидати.

Иако сите овие земји се уште се на почеток на процесот за пристапување кон ЕУ, извештајот објавен од Фондацијата отворено општество покажува дека повеќе од половината Французи се против проширувањето на ЕУ во овој регион.

Притоа, 49 отсто сметаат дека членството на Македонија и Црна Гора, на пример, би било лошо. За земјава, 25 отсто од испитаните рекле дека нејзиното членство би било добро, а додека 26 отсто се без мислење. За Србија негативно мислење имаат дури 60 отсто од Французите, за Босна и Херцеговина 58 отсто, Албанија 60 отсто и Косово 65 отсто. Студијата исто така посочува дека Турција добива 76 отсто негативни мислења.

-Балканот е по малку жртвено јагне, оценува Себастијан Грикур, директор на опсерваторијата за Балканот на фондацијата „Жан Жорес“, кој учествуваше во оваа публикација.

Всушност, скоро секој четврти испитаник изјавил дека евентуалното проширување нема многу да го засегне неговиот живот. Според авторите на истражувањето, се чини дека негативниот став на Французите кон балканскиот регион на еден начин е поврзан со нивното мислење за европската институција како целина.

-Рефлексот што го имаат Французите за проширувањето е всушност рефлекс што го имаат за Европската Унија, вели Себастијан Грикур.

Французите се меѓу Европејците кои имаат најмалку доверба во ЕУ.

Студијата покажува дека 62 отсто од оние кои се за членството на Балканот имаа добар имиџ за ЕУ, додека повеќе од половината што не се согласија (55 отсто) имаа негативна слика. Тоа сугерира дека француското непријателство не е насочено против Балканот, туку повеќе против институцијата.

Кога им беше прикажана мапата на Европа со актуелните земји-членки, „многу учесници беа изненадени што земјите од Западен Балкан веќе не се дел од ЕУ, може да се прочита во извештајот.

Скопје и Тирана постигнаа напредок во споредба со нивните соседи. Сепак, Париз инсистираше да не се дава зелено светло на официјалните преговори за членство во ЕУ. Особено, француската влада се спротивстави на членството на Албанија, што имаше последици и врз Северна Македонија, и сега доведе и до бугарската блокада.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт