Секој петти жител на Белгија има антитела на Ковид-19

Од:

Околу 20 проценти од населението на Белгија во моментов има антитела против коронавирусот, а здравствените власти предупредуваат дека колективен имунитет може да се појави само кога најмалку 70 проценти од популацијата е имуна.

Најголем број на луѓе со антитела е забележан во регионот на Валонија (27 проценти), во Брисел (23), додека во Фландрија е забележан пад од 12 на девет проценти на оние кои имаат антитела на Ковид-19.

Во Белгија досега се вакцинирани 3,1 процент од граѓаните, што ги става пред соседните Германија и Франција (и по 2,8 проценти), Луксембург (2,3) и Холандија (1,1).

Пред Белгија, според процентот на вакцинирана популација, се Данска (4,1 процент), Ирска (4,1), Романија (3,7), Финска (3,3) и Шведска и Полска (3,2).

Би можело да ве интересира

Белгиски научници открија како да го блокираат коронавирусот

Илјадници протестира во Брисел против ограничувањата воведени поради пандемијата

Катерина Ѓуровски

Делта-сојот стана доминантен во Германија и во Белгија

Катерина Ѓуровски

Половина од возрасното население во Белгија примило барем една доза вакцина

Интензивната нега во Белгија под огромен притисок, зафатени 96 отсто од креветите

Организациите за човекови права ја тужат Белгија поради рестрикциите за Ковид-19