Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 249 лица на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 11 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 323 пациенти соопшти Министерството за здравство. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 583.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 45 пациенти.
Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 50 пациенти, во Прилеп 19, во ковид – центарот во Гостивар 18, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациент, во Кочани шест, во Кичево осум, Кавадарци 25, во Гевгелија шест лица, а во Дебар 13.