Асанж стравува за судбината на лицето кое ја издало тајната за шпионирањето во САД

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж стравува за судбината на лицето кое ја соопштило информацијата дека американската влада има пристап до серверите на Мајкрософт, Епл и Фејсбук.

Тврди дека и него може да го снајде истото како и американскиот војник Бредли Менинг, кој се товари за одавање на воени тајни.

Оваа изјава Асанж телефонски ја дал за американската ТВ мрежа Си-Би-Ес. Во интервјуто го бранел правото јавноста да дознае за програмата за добивање податоци преку Интернет.

Асанж од јуни 2012 година се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде го бараат поради наводен сексуален напад.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори