Еден македонски државјанин загина, а друг е повреден кога рано утрото се превртел камионот со кој патувале на автопатот кон Ниш, во близина на Врчин, изјави порпаролот на Итната помош во Србија, Нада Мацура.
Во изјава за Танјуг, Мацура изјавила дека сoпатникот, стар 28 години, погинал, а 34-годишниот возач на камионот е тешко повреден во несреќата која се случила околу пет часот утринава кај бензиската пумпа “Елп”, во близина на Врчин.
Возачот со тешки телесни повреди веднаш е пренесен во салата за реанимација во Ургентниот центар во Белград, а на местото на несреќата увид извршила полицијата и истражен судија.