Тоа беше неопходно, велат од Кремљ за илјадниците апсења на протестите против Путин

Од:

Официјална Москва денеска соопшти дека апсењето на илјадници луѓе на протестите против затворањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е „неопходен одговор“ на власта на овие „непријавени и недозволени собири“.

Прашан за коментар околу грубиот третман кон илјадници притворени, од кои многумина поминаа часови во полициски автобуси и се сместени во преполни ќелии, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека тие мора да одговараат за учество во протести за кои немало дозвола од властите.

– Ситуацијата не беше испровоцирана од органите за спроведување на законот, таа беше испровоцирана од учесниците во несанкционираните акции, истакна Песков.

– Пред се, ова се луѓе кои учествуваа во нелегални активности, нагласи Песков.

Тој рече дека Русија нема да ги слуша критиките на Западот за осудата на Навални и полициската акција против демонстрантите.

– Нема да ги земеме предвид ваквите изјави во врска со спроведувањето на нашите закони против оние што ги кршат и пресудите на рускиот суд, посочи Песков.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади