Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 234 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. Вкупно 234 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 326 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 560.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 21 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 18 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 45 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 20, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 8, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13.