Норвешка нема да ја понуди вакцината Астра Зенека против Ковид-19 на лица над 65 години, соопшти денеска норвешкиот Институт за јавно здравје. Норвешка станува уште една европска земја која ја ограничува употреба на вакцината Астра Зенека.
Досега, околу 135.000 лица во Норвешка ја примија својата прва доза, а околу 35.000 ја примија втората доза на вакцини Модерна и Фајзер/БиоНТех против Ковид-19, соопшти институтот.
Во испитувањата спроведени од Астра Зенека учествувале мал број луѓе постари од 65 години, што значи дека нема документација за влијанието на вакцината врз постарите групи на население, се вели во соопштението на институтот.