Митровски парите за фекална канализација ќе ги дава за вештачка трева

Од:

Советничката група на „Сојузот за иднината“ во општина Ѓорче Петров на денешната седница се спротивстави на одлуката на градоначалникот Сокол Митровски, 17 милион денари од ставката за изградба на фекална канализација во насел Волково, Кисела Јабука, Стопански двор, Пржина и село Орма, да се пренаменат за поставување на вештачка трева на игралиште кое не е под надлежност на општината, туку на Агенцијата за млади и спорт.

Кординаторот Снежана Трајковска и советниците Живко Брњарчевски и Виктор Перовски истакнаа дека ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, за неградење на градинка за што, според нив, реално нема пари, а градоначалникот Митровски парите од населението од руралниот дел каде што најмногу доби поддршка а кои пари секое семејство ги издвојува по 500 евра, ги пренаменува за неприоритетни намени.

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард