Концерт на Филхармонија посветен на Саша Николовски -Ѓумар

Од:

Филхармонија денеска ќе го одржи концертот „Фанфари за еден пријател“ посветен на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017) со почеток во 20 часот. Диригент на концертот е Габриел Бебешелеа, а програмата содржи дела од Копланд, Дика, Гуно, Шмит, Штраус и македонскиот композитор Ангел Спироски.

На концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе се промовира серијата „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија.

Идејата потекнува од новиот шеф -диригент, маестро Габриел Бебешелеа чија цел е преку овие разговори пред почетокот на концертите да ја запознае публиката со делата кои ќе бидат дел од програмата, како и со естетскиот и филозофскиот контекст на самите композиции.

„Пред концертни разговори“ ќе се реализираат во рамки на концертите со оркестарот на Филхармонија кои ќе ги води Бебешелеа.

Би можело да ве интересира

В четврток свечено отворање на роденденската сезона на Македонска филхармонија

„Легендите живеат вечно“ – концерт во Филхармонија

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Концерт на „Мизар“ и „Хармосини“ во Македонска филхармонија

Aнгелина Димовска-Миташева нова директорка на Филхармонија

Вработените во Филхармонија бараат разрешување на в.д. директорот Лазаровски