Средба меѓу Анан и ал Асад во Дамаск

Од:

Меѓународниот претставник на Обединетите нации Кофи Анан започна денеска разговори во Дамаск со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Неколку часа претходно во центарот на сирискиот главен град имаше судири меѓу сириските сили и бунтовниците.

Според локални жители, звуци од митралези и експлозии се слушале на плоштадот „Абас“ во централниот дел на Дамаск.

Борби имало и во непосредна близина на хотелот „Дама Роуз“ каде престојува Кофи Анан и каде се сместени околу 300 набљудувачи на ОН по завршувањето на својата мисијата поради зголеменото насилство.

Анан пристигна вчера во Сирија. Тоа е негова трета посета на Сирија откако годинава беше именуван за претставник на ОН и Арапската лига со цел да стави крај на 16-месечниот конфликт.

Посетата на Анан се смета за многу деликатна, откако неговиот мировен план, кој се заснова на примирје не се почитува, и засега не може да го запре крвопролевањето.

Башар ал Асад пред неколку дена во интервју за германска телевизија изјави дека политичката помош на САД за терористите е пречка за успехот на мировниот план на Анан. Асад, исто така, ги обвини Саудиска Арабија, Катар и Турција, дека ги снабдуваат со оружје бунтовниците, кои се обидуваат да го соборат од власт.

– Знам дека Анан се соочува со безброј пречки, но не треба да дозволиме неговиот план да не успее, тоа е многу добар план, изјави Асад за германската телевизија „Дас Ерсте“ на 5 јули.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка