Ова лето на различни локации низ Велика Британија поставени ќе бидат плакати со класични уметнички дела, со цел создавање на „најголемата уметничка галерија на светот“.
Оваа изложба на отворено насловена „Уметност насекаде“ помеѓу 10-ти и 25-ти август ќе претвори илјадници билборди и рекламни паноа во изложбен простор.
За тоа кои дела ќе бидат изложени на плакатите ќе одлучат самите Британци и тоа преку гласање на интернет.
-Уметноста е насекаде и секој ќе може да ужива во неа – изјави славниот уметник Дамиен Хирст за Би-би-си.
Директорот на галеријата Теит, Николас Серота кој исто така учествува во проектот наведе дека инспиративни слики ќе ги красат улиците на британските градови и ќе поттикнат расправа за квалитетот на британската уметност.