„Алкалоид“ ќе биде партнер за увоз на кинеските вакцини, Заев очекува да бидат набавени меѓу 10 и 15 февруари

Од:

Постапката за набавка на кинеските вакцини премиерот Зоран Заев очекува да биде заокружена оваа недела и меѓу 10 и 15 февруари вакцините да бидат набавени. За олеснување на набавката, согласно нашите закони, Владата го обезбедила „Алкалоид“ како партнер.

„Во самата постапка ја следиме компетитивноста за да може да добиеме што е можно подобри услови, а секако обезбедивме и партнер во државава, тоа е ’Алкалоид’, доколку има потреба да се оди преку партнер заради почитување на македонските закони. Законските решенија се утврдени, се работи за начин на набавка по пат на преговарање за да се постигнат максимално компетитивни услови за да можеме час поскоро да ја обезбедиме и кинеската вакцина“, рече премиерот Заев.

Македонските здравствени власти минатата недела известија дека почнале постапка за набавка на 200.000 дози од кинеската вакцина на компанијата „Синофарм“.

Први вакцини што ќе стигнат во земјава, според премиерот Заев, ќе бидат вакцините на „Фајзер“ кои како помош ќе ги добиеме од Србија. За нив премиерот вели дека очекуваат неделава од „Фајзер“ да стигнат потребните документи.

Првите вакцини преку Ковакс – системот, пак, се очекуваат во март и нема да бидат од компанијата „Фајзер“, како што до вчера се најавуваше, туку од компанијата „Астразенека“.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски