„Веритас“: Жерновски лаже дека црквата нема да се урива

Од:

Граѓанската иницијатива „Веритас“, која денеска го организираше протестот пред Општина Центар, смета дека е невистинито тврдењето на градоначалникот Андреј Жерновски кој попладнево изјави дека нема да се урива црквата „Св. Констатнтин и Елена“.

– Кога тој вели дека црквата нема да се урива, јавноста треба да знае дека тој лаже. Имено, Жерновски инсистира противзаконски и противуставно да се укине Деталниот урбанистички план во кој е предвидена црквата „Св. Елена и Константин“ и да се врати во правна сила стариот ДУП во кој црквата не е предвидена.

Бидејќи во стариот ДУП ја нема предвидено црквата, по неговото усвојување црквата ќе се третира како дивоградба и таа ќе биде срушена, стои во реакцијата на иницијативата „Веритас“ која до медиумите прати документ за кој вели дека е предлог-одлуката на Општина Центар за укинување на ДУП со кој е предвидена изградбата на црквата.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски