Филипче денеска најавува дека сепак вакцинацијата ќе почне овој месец со 200 000 кинески вакцини

Од:

Првата количина вакцини против Ковид-19 кои ќе пристигнат во земјава во февруари ќе бидат кинеските вакцини. За многу кратко време ќе го знаеме и датумот, а ќе пристигнат 200 000 вакцини со што ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сите вакцини кои се на пазарот се безбедни, сите се развиени на безбедни платформи и многу тешко се стигнувало до нив.

– И овие преговори кои ги водиме сега со „Фајзер“, и тие кои ги завршуваме со кинеската компанија се навистина тешки и бараат многу детали, додаде Филипче.

Вчера Министерството за здравство најави дека нема да добиеме „Фајзер“, туку први вакцини ќе бидат од „АстраЗенека“ во март.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски