Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет и амбасадорите на Холандија Мариет Шурман и на Италија Фабио Кристијани од градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски изворно се запознаа со денешните инциденти кои ги предизвика поголема група граѓани, кои што за себе велеа дека спонтано се собрани во одбрана на цркввата и верата.
Истите тие лица вандалски фрлаа камења, кршеа прозори и врати и буквално ја демолираа просторијата каде што беа советниците на Општина Центар и градоначалникот Жерновски и претставници на сите медиуми од Македонија.
Жерновски ги запозна амбасадорите дека граѓаните, од кои поголем дел не се од општина Центар се изманипулирани бидејќи им објасни дека на денешната седница на советот на општина Центар воопшто немаше точка за уривање на некаков објект па ниту на црква.
Градоначалникот на Центар ги извести амбасадорите дека иако уште утринава полицијата била уредно известена дека се најавуваат поголеми протести и дека се можни инциденти, полицијата не реагираше ниту бројчано.