Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски ги извести амбасадорите во Република Македонија, мисиите на ОБСЕ и ЕУ за денешните инциденти во општина Центар.
Тој ја опиша состојбата дека околу 2.000 граѓани, изманипулирани дека наводно ќе се урива црква во Скопје, насилно и вандалски влегоа во општината.
Тие што се претсавуваат како верници и заштитници на црквата, кршеа прозори врати и фрлаа камења во салата каде што беа легално избраните советници на општината, градоначалникот и претставници на медиумите.
Жерновски ја извести меѓународната јавност дека полицијата во недоволен број била присутна иако им било укажано дека се најавуваат протести од неколку илјади луѓе и дека се можни инциденти.
Претставниците на меѓународната заедница изразија загриженост поради инцидентите и случувањата во општина Центар.