(ВИДЕО) Жерновски: Лага е дека црквата ќе се урива

Од:

Градоначалникот на Општина Центар го нарече како лага тврдењето дека се планира уривање на црквата св. Константин и Елена во центарот на Скопје.

Според него демонстарнтите кои што се донесени пред општината се изманипулирани и притоа посочи дека зад тоа стојат поединци од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Центар кои што ги координираат „верниците“.

Жерновски посочи на слабото полицсико обезбедување во Општината и побара поголемо полициско обезбедување за да се создадат услови за продолжување на седницата.

Додека траеше прес конференцијата во Центар дел од демонстрантите повторно дојдоа до бараката каде што е кабинетот на Жерновски и повторно млака реакција на полицијата која ги остава „верниците“ да дивеат низ Општината.

Според информациите голем дел од овие „верници“ се припадници на ВМРО-ДПМНЕ, а во најголем дел се од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел и Драчево.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски