Поглаварот на Римокатоличката црква Франсис за време на денешната средба со учениците од језуитските училишта во Ватикан се пошегува дека никогаш не сакал да биде папа и дека одбил да живее во луксузната вила, бидејќи таму би му било „здодевно“.
– Не сакав да бидам папа. Некој што сака да биде папа всушност не се сака самиот себе си, истакна понтифот за време на средбата.
Неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти во една прилика изјави дека му се молел на Господ да не биде избран за папа, но „овојпат Господ очевидно не му ги остварил желбите“.
Папата Франсис, исто така, додаде дека одлучил да не се пресели во официјалната папска резиденција и наместо тоа живее во црковниот хотел во Ватикан.
– Тоа е карактерот на личноста. Мене ми е потребно да живеам со луѓето. Ако живеам сам ќе се чувствувам изолиран, а тоа не е добро за мене, нагласи папата.