Претседателот на Србија, Томислав Николиќ стана почасен граѓанин на Требиње, со едногласна одлука на парламентот на градот.
За оваа одлука гласаа и советниците од владата, но и од опозицијата.
-Одлуката е поради желба за продолжување на добрите односи со Србија, со оглед на тоа што Николиќ е претседател со афирмативен став и јасна визија, како и тоа што има емотивен однос кон Требиње, каде што извесно време и живееше-стои во образложението за одлуката.
Според градоначалникот на Требиње Славко Вучуревиќ ,Николиќ секогаш ги промовирал и штител интересите на српскиот народ во Србија и во соседните републики на поранешна Југославија.
Повелбата на претседателот Николиќ треба да му биде доделена до крајот на месецов.
Елена Георгиевска