Сомалија: Гранати експлодираа во зградата на Владата

Од:

Девет минофрлачки гранати експлодираа во зградата на Владата во сомалискиот град Дусмареб, каде во истиот момент се наоѓал и претседателот Мохамед Абдулахи Мохамед.

Засега нема информации за евентуални жртви, а властите се сомневаат дека за нападот е одговорна исламистичката терористичка група Ал Шабаб, поврзана со мрежата Ал Каеда.

Претседателот пристигнал вчера во Дусмареб на преговори со петмина регионални лидери околу претстојните претседателски и парламентарни избори. Мандатот на шефот на државата истекува на 8 февруари, а датумот за одржување на изборите се уште не е одреден поради несогласувања.

Мохамед Абдулахи Мохамед најави дека планира да се кандидира на претстојните избори, а главниот состанок со регионалните лидери беше закажан за денеска.

Обезбедувањето околу владината зграда во Дусмареб е зајакнато, а низ градот патролираат воени единици.

Во истиот град претходно денеска одекна експлозија и во близина на аеродромот. Медиумите објавуваат дека станува збор за обид за убиство на командантот на сомалиската копнена војска, но досега нема соопштение за неговата состојба.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија